Се најде организатор за борбата Бибер – Круз

Боксерскиот спектакл помеѓу Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер се чини дека ја отвори Пандорината кутија и се повеќе познати актери, пејачи, спортисти се предизвикуваат на борба.
Неодамна канадскиот пејач Џастин Бибер јавно го предизвика на борба во октагон, славниот актер Том Круз.

„Сакам да го предизвикам Том Круз на борба во октагон. Ако не го прифати овој предизвик тогаш тој е исплашен и ќе нема да може да се извлече од тоа. Кој сака да ја организира оваа борба? Дена Вајт?“.

Одговорот дојде од директно повиканиот прв човек на УФЦ.
– Не знам дали овој предизвик е шала или е реален. Сите зборуваат за ова, но сè уште Бибер не ме контактирал. Слушајте, можеби Џастин Бибер сака борба со Том Круз од некои причини, но се сомневам дека актерот би сакал да се бори, никој не сака да влезе во октагон со 56 години. Меѓутоа, доколку Бибер сака да влезе во октагон и доколку Том Круз е решен исто така да се бори, тогаш може да разговараме – изјави Вајт.

Сепак, на крајот испадна дека предизвикот на пејачот било само „игра“ и дека немал намера да влегува во откагон со Том Круз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот