Се најде Германец кој го одби Баерн: Тоа не е опција за мене

twitter/UEFA EURO 2020

Напаѓачот на Лајпциг и на германската репрезентација, Тимо Вернер, и јавно изјави дека нема намера кариерата да ја продолжи во шампионот на Бундеслигата, Баерн Минхен.

Баварскиот тим за летово сите карти ги фрли на два трансфери, Лерој Сане од Манчестер сити и Вернер, но нов напаѓач ќе мора да бараат на друго место.

Вернер изјави дека сака да ја смени лигата со што ги подгреа шпекулациите дека веќе има договор со екипата на Ливерпул иако голем интерес пројавуваат уште и Јувентус, Барселона и Манчестер јунајтед.

– Баерн е голем клуб, Ханси Флик е добар тренер, но доколку си заминувам од Лајпциг, тогаш тоа ќе биде во друга лига. За мене претставува голем предизвик да се докажам во друга лига – изјави Вернер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот