Се најавува спектаклот со Кил, и полицајци навиваат за Вардар! (ФОТО)

РК Вардар 1961, двократен европски шампион/Фото: РК Вардар

Ракометарите на шпанскиот стратег Давид Писонеро следниот четврти дуел во ЛШ ќе го имаат на 12 октомври со почеток од 17.30 часот против бундеслигашкиот гигант Кил.

Дуелите против германски врвни клубови секогаш привлекувале внимание, па нема сомнение дека така ќе биде и овојпат што може да биде решавачки за првото место на табелата што води директно во четвртфиналето, иако има уште голем број на натпревари до крајот на групната фаза.

Цената на билетите за натпреварот со Кил се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.

Мечот е од големо значење, а интересот е толку голем што и полицајците се вклучија во поддршката на европскиот ракометен првак. И самиот напиша коментар на Инстаграм профилот на РК Вардар, откривајќи дека ова е слика од првиот ден на пуштањето на сезонските билети, иако станува збор за најава за старт на продажба на билетите за дуелот со Кил.

Најнормално си дојде и застана на ред и чекаше да си купи билети, без да ја злоупотреби својата должност со порака: „Ајде, ајде Вардарееее..“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот