Се најавува спектакл во Рим за финалната битка на „Вембли“

epa09262849 Italian supporters prior to the inaugural match of the UEFA EURO 2020 soccer tournament Turkey vs Italy at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 11 June 2021. EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Италија веќе обезбеди пласман во големото финале на Европското првенство, а градоначалникот на Рим, Вирџинија Раџи изјави дека би требало да се отвори „Олимпико“ стадионот во тој град за навивачите кои сакаат преку големите екрани да го гледаат завршниот меч за титулата на ЕП.

Во порака до Италијанскиот олимписки комитет, Раџи предложи финалниот натпревар на Европското првенство да се емитува на големи екрани на стадионот, на кој ќе има ограничен број на гледачи со цел да се почитуваат сите мерки против ширењето на вирусот корона.

Италија се пласираше во финалето на Европското првенство во вторникот вечерта, откако ја победи Шпанија по изведувањето на пенали.

Финалниот натпревар на континенталниот собир ќе се игра во недела на 11 јули од 21.00 часот на „Вембли“ стадионот во Лондон.

Италијанците чекаат 53 години повторно да се искачат на европскиот трон, а селекторот Роберто Манчини верува дека неговите играчи имаат квалитет да ја остварат целта.

Видео на денот