Се најавува ли брз скок на цената на нафтата?

Илустративна фотографија / СП. архива

ОПЕК преговара за досега невидено намалување на производството.

Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК), преговара за досега невидено намалување на производството, а кон иницијативата би требало да се придружат и други произведувачи.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој според него, се согласиле да го намалат производството за 10 до 15 милиони барели дневно.

Тоа претставува 10 до 15 проценти од вкупното глобално производство, а ако биде постигнат договор, тоа ќе биде најголемото намалување на производството во историјата, пренесува Ројтерс.

Трамп во преговорите сепак не направил отстапки за намалување на американското производство бидејќи таков потег забрануваат американските закони за заштита на рамноправноста на трката на пазарите.

Саудиска Арабија вчера побара итен состанок на ОПЕК и независните произведувачи, тврдејќи дека сака праведен договор за стабилизација на нафтените пазари, кои се урнати поради падот на побарувачката под влијание на пандемијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот