Се најави во петок во Багдад: Папата Франциск во посета на Ирак

Фото: EPA-EFE/AHMED JALIL

Папата Франциск денеска изјави дека в петок ќе го посети Ирак и побара од верниците да се молат неговата „посета да се одржи на најдобар можен начин и да ги даде посакуваните плодови”.

– Подолг период сакам да се сретнам со луѓето кои толку многу страдаа и да ја запознаам тамошната маченичка црква. Народот на Ирак нè чека. Го чекаа и папата Јован Павле Втори, на кого не му беше дозволено да го посети Ирак. Луѓето не смеат повторно да бидат изневерени. Да се молиме овој пат да помине добро, посочи папата Франциск.

Предвидено е папата Франциск да го посети Ур, родното место на пророкот Аврам и да се сретне со ајатолахот Али ал Систијани, најзначајната личност на шиитскиот ислам. Исто така папата ќе го посети и Мосул.

Ирачката малцинска христијанска заедница со години беше на удар на војниците и репресиите од џихадистите на Исламска држава.

Поради пандемијата со ковид-19 ќе биде ограничен бројот на верници кои ќе можат да го видат папата. Додека за безбедноста ќе бидат ангажирани околу 10.000 ирачки војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот