Се надевам дека навивачите ќе му простат на Ѓоковиќ
Поранешниот американски тенисер, Џим Куриер, апелираше фановите да имаат разбирање за Ѓоковиќ.
Поранешниот тенисер кој сега е водител на програмата на големите турнири смета дека треба да му се даде подрршка како и шанса на Новак Ѓоковиќ да објасни што сакаше да постигне.
– Новак направи посебни напори и се бореше за правата на другите тенисери во Австралија. Тој беше лидер и мислам дека во јавноста тоа беше погрешно сфатено. Се надевам дека публиката во Австралија ќе му прости и ќе му даде барем една шанса да објасни што сакаше да постигне – рече Куриер.
Поранешниот тренер со изјавата алудираше на молбата со барања која Ѓоковиќ ја достави со директорот на Австралија Опен, Крег Тили, со цел тенисерите и тенисерките кои наоѓаат во строг карантин во Мелбурн да добијат „поголема“ слобода и можност да имаат нормнални подоготвки пред грен слем турнирот. Сите негови барања беа одбиени од страна на австралиската влада.
– Новак е чувствителен на јавното мислење. Троши многу енергија на тоа и доколку се гледаат неговите резултати на терените, тој треба да биде обожуван од навивачите. Но, тој се појави во време кога фановите се поделени на навивачи на Федерер и на Надал – додава Куриер.