Се набавуваат нови резервоари за пречистителната станица во „Југохром“

Токсичен индустриски отпад од Југохром/Фото: Слободен печат

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека веќе е во тек реализација на три јавни набавки за обновување на пречистителната станица за редукција на шествалентниот хром во „Југохром“, Јегуновце, и тоа за нови резервоари за пречистителната станица, за одржувањето на системот и за далечинско управување, пишува во дописот од Министерството.

Од МЖСПП појаснуваат дека пречистителната станица за прочистување на загадените води со шествалентен хром во околината на Јегуновце, поради дотраеност во изминатиот период не работела во полн капацитет.

„Поради исклучителното значење на прочистувањето на шествалентниот хром и спречувањето на истекување или прелевање на загадената вода, Министерството направи дополнителни напори и одвои средства за покривање на трошоците за реконструкција на инсталацијата“, информираат од Министерството, од каде што најавуваат и реконструкција на заштитното корито под резервоарите и поставување нови резервоари, процес што треба да завршат до средината на ноември.

Фабриката „Југохром“ ја посетиле министерот за животна средина Насер Нуредини и државниот секретар Каја Шукова, каде што биле информирани од управата на затворената фабрика дека тие ги следеле состојбите околу отпадните води на депонијата.

Минатата недела „Слободен печат“ појде на индустриската депонија во Јегуновце и сними слободно истекување на канцерогениот шествалентен хром директно во Вардар.

Нечисти работи околу системот за пречистување на водите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот