Се мислите да вдомите куче? Вдомете го и ќе станете поубави, еве ги фактите

Постојат многу причини зошто да станете сопственик на куче, но овојпат ќе ги нагласиме оние кои влијаат на вашата убавина. Да не набројуваме дека кучето ќе ве направи поодговорни да се гржите за некого, дека вашата осаменост како со волшебно стапче ќе исчезне, дека денот ќе ви биде исполнет…

Ќе бидете поактивни, а со тоа и повити

Да не се залажуваме, кучето бара грижа и малку време. Ваше време. Па често ќе слушнете, пред да се одлучите да земете куче, дека тоа е голема обврска. Да, обврска е, ама слатка обврска која влијае и на вашето разубавување.

Сега кога сте сопственик на куче, може слободно да ги откажете теретаните и часовите по фитнес, па така ќе добиете и време, а ќе заштедите и пари. Вашето драго милениче бара шетање три пати во денот, најмалку по половина час. Супер. Тоа значи дека ќе бидете далеку поактивни, а во тие час и половина прошетки дневно може да потрошите дури 600-700 калории. Доколку во викендите шетате со вашиот миленик на Водно, или во природа, надвор од Скопје, ќе добиете уште еден бонус – свежиот воздух.

Прочитајте и...  Северина ја отвори летната сезона со фотографија во костим за капење

Ќе пиете повеќе вода

Водата е многу важна за нашето општо здравје, а убавиот тен е дел од тие бенефиции. Вашата кожа ќе стане многу посјајна доколку почнете да пиете поголеми количини на вода секојдневно.

Просто неверојатно е како вашиот миленик може безгласно да ве убеди на тоа. Кога неговиот сад за вода ќе го надополнувате секој ден по неколку пати, тоа ќе ве потсети да се напиете и вие чаша вода. Резултат? Вашата кожа ќе стане почиста и повеќе хидрирана.

Ќе ја сфатите важноста на чешлањето

Од една страна, кучето ќе ви помогне да ја сфатите неважноста на користење на толку многу козметички производи и ритуали без кои жените не можат, а од друга страна, преку кучето ќе научите кои ритуали за убавина навистина се потребни и корисни.

Прочитајте и...  Најголемите осудувачи се кријат во овие 2 хороскопски знаци

На пример, секојдневното шминкање апсолутно не ви е потребно, а чешлањето на косата и уживањето во купки се многу корисни и пријатни ритуали за убавина кои влијаат и на доброто расположение и на релаксираноста.

Ќе го смените „тајмингот“ на спиење

Без разлика на тоа дали ќе „заглавите“ длабоко во ноќта, вашиот миленик ќе си легне секако неколку часа пред полноќ, а ќе стане околу 6 часот наутро. Со каква радост го дочекува денот подготвен за утринско шетање!

Со текот на времето ќе мора да го прифатите неговото темпо на одење во кревет, и набрзо ќе сфатите дека, всушност, кучето ви направило една голема услуга. Ќе почнете порано да си легнувате и рано да станувате и наспани и свежи ќе го почнувате новиот ден. Да не зборуваме како добриот сон влијае на убавината. Тој е фактор број еден за убав и свеж изглед.

Прочитајте и...  Шајло Џоли Пит напoлни 14 години

Ќе се смеете повеќе

Кучињата не се смејат како луѓето, но нивниот начин на смеење е заразен. Го исплазуваат јазикот, ве гледаат право в очи со очињата кои светкаат и мрдаат со опашката. И тоа го прават секогаш кога ќе ве видат или кога ќе направите нешто убаво за нив.

Со такво заразно „смеење“ кое се случува многу, многу пати во денот, и вие ќе почнете почесто да се смеете. И ќе научите да се смеете од срце секогаш кога ќе ги видите вашите пријатели. Колку насмевката разубавува? Не само што нѐ прави најубави и не само што не расположува, туку и ни ги отвора вратите за успех.

Прочитај повеќе

Бујно деколте и долги нозе: Јелена Карлеуша во бомбастично издание за снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Слободен Печат

Пејачката Кајли Миног го прослави својот 52-ри роденден! (ФОТО)

Слободен Печат

Вереницата на Кристијано Роналдо не престанува да провоцира: Објави фотографија од која ќе се препотите (ФОТО)

Васко Спасоски

Трикот на Клои Кардашијан за постигнување совршен задник! (ФОТО)

Слободен Печат

Ретко објавува ваква фотографија: Погледнете зошто Анастасија Ражнатовиќ доби стотици комплименти! (ФОТО)

Васко Спасоски

Музичката икона Шер и на 74-годишна возраст изгледа како млада девојка: Сите знаеа дека ќе стане позната! (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Атрактивната Вики го сруши интернетот со снимка на која „виси“ од зграда: Сега позираше скроз гола! (ФОТО)

Васко Спасоски

Соседите сигурно уживаат: Хајди Клум дома се сонча гола! (ФОТО)

Васко Спасоски

Прво бараше да им се помогне на музичарите, а сега купи автомобил од 50.000 евра: Неда Украден се поднови со нов „ѕвер“ (ФОТО)

Васко Спасоски

Моден камелеон: Сите стилски трансформации на Шарлиз Терон! (ФОТО)

Слободен Печат

Васил Тупурковски во „Еден на Еден“: Пријателите мислат дека Тито ми ги остави мене пурите! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Сопругата на Хју Џекмен беше исмејувана поради насловната страница на познатиот австралиски магазин! (ФОТО)

Слободен Печат