Се менува ликот на 38 објекти во Старата битолска чаршија

Фото Миа

 Општина Битола почна со реализација на проект за конзервација и реставрација на излози во Стара битолска чаршија со кој опфатени се 38 излози на објекти со големо културно историско значење.

Проектот е во вредност од 3,8 милиони денари, субвенциониран од Министерството за економија, согласно програмата за туризам за 2018 година, а Општина Битола ги заврши сите потребни процедури за успешна реализација на проектот и промена на излозите кои се во сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

За време на увидот на проектните активности градоначалничката Наташа Петровска беше информирана за текот и динамиката на конзервацијата и реставрацијата. Во моментов се работи на промена на излозите на објектот Стара аптека. Досега се поставени 15 нови излози од предвидените 38.

Активностите продолжуваат до комплетна реализација на проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот