Се конституираше новото бугарско народно собрание

Image: 560380192, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: bincidaphoto / Alamy / Alamy / Profimedia

Во услови на тензии, неизвесност и поделби по вторите по ред вонредни избори годинава, денес бугарското собрание одржа конститутивна седница што започна со избор на спикер на парламентот.

Новиот и воедно претходен спикер на собранието е Ива Митева од партијата на шоуменот Слави Трифонов ИТН.

Митева ја доби поддршката од својата пратеничка група, но и од т.н. протестни партии, Демократска Бугарија, Исправи се, и партијата на етничките Турци ДПС, кои претходно соопштија дека нема да дадат поддршка на кандидат на Трифонов.

-Мислам дека овој парламент нема да е полесен од другите и до моментот да се формира нов кабинет и да се оствари мандатот ќе биде напнато. Навистина го мислам тоа и очекувам до тогаш изборните страсти да продолжат, изјави Ива Митева – Претседателка на Собранието на Бугарија.

Токму оваа политичка конфигурација, ИТН, ДБ, Исправи се и ДПС се претпоставува дека би можела да го сочинува и идното мнозинство кое ќе застане зад изборот на новата бугарска Влада.

Радев: Овој пат треба да се избере Влада на Бугарија

Видео на денот