СЕ КАЧИЛ НА РОЛЕРКОСТЕР И ПОЧУВСТВУВАЛ КАКО ГО СТЕГА СРЦЕТО: Следниот ден се разбудил во КРВАВА ПОСТЕЛА (ФОТО)

Фото: Архива

Британецот Кевин Пери (20) претрпел колапс на белите дробови при застрашувачко искуство на ролеркостер во летувалиштето Сало во Каталонија.

Кевин вели дека имал толку силни болки во градите што помислил дека доживува срцев удар, откако се симнал од ролеркостерот кој забрзува од нула до 200 километри во секунда.

-Истиот момент кога се симнав од возењето почувствував како нешто силно ме стега во градите. Мислев дека доживувам срцев удар. Имав чувство како некој да ги притиска моите ребра, изјави тој.

Лекарска помош му е дадена на лице место, а Кевин решил да се врати во хотел. Следното утро кога се разбудил видел како на постелнината има крв која ја искашлувал во сон.

-На постелнината имаше црвени згрутчувања. Скокнав од креветот и отидов на лекар. Тогаш ми дијагностицираа пнеумоторакс (колапс на белите дробови) и бев примен во болница каде решија дека ќе имам две операции. Градите ми беа под таков притисок што докторите ми рекоа дека постои можност срцето да ми експлодира. Беше застрашувачки да се слушнат тие зборови, вели Кевин.

Во наредните два дена имал пет операции. Докторите му забраниле да лета со авион, па цели три дена се враќал дома во Белфаст.

-Докторите ми рекоа дека ако не сум дошол тоа утро во болница, веројатно би умрел. Бев во шок, но благодарен што можеа да ми помогнат, изјави Кевин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот