Се јави жената која го хранеше Роналдо: Тој беше најсрамежлив од сите деца

Паула Лека е жената која Кристијано Роналдо во интервјуто за „Good Morning Britain“ бараше помош да ја пронајдат за да може да и се оддолжи бидејќи му даваше храна кога тој немаше пари. Паула Лека од почетокот од 2000 година работела во „Мекдоналдс“ ресторанот во Лисабон и на Роналдо и останатите деца кои немале пари им давала бесплатни сендвичи.

– Првата работа која ќе му ја кажам ќе биде благодарам, а потоа ќе разговараме и ќе се потсетиме на минатото – изјави Паула која откри дека токму Роналдо бил најсрамежлив од сите деца.

– Ќе се појавеа пред ресторанот и кога ќе останеа непродадени хамбургери, нашиот менаџер ни даваше дазвола да им ги поделиме на нив. Еден од тие деца беше и Кристијано Роналдо кој сигурно беше насрамежлив и најплашлив од сите деца кои доаѓаа речиси секоја вечер. Се уште се смеам поради тоа. Му кажав на синот за ова, а тој не му веруваше бидејќи му беше тешко да помисли дека неговата мајка му давала хамбургери на Роналдо. Мојот сопруг знаеше за ова бидејќи неколку пати доаѓаше да ме земе од работа и го гледаше Кристијано – открива Паула.

Кристијано Роналдо во интервјуто за „Good Morning Britain“ на познатиот новинар Пирс Морган му откри дека сака да им се оддолжи на девојките кои тогаш работеа во ресторанот „Мекдоналдс“, а Паула е само една од нив. Освен Паула, и Една, фудбалерот на Јувентус досега не успеал да пронајде уште една девојка.

„Една и уште две девојки беа неверојатни, ни даваа да јадеме бесплатни хамбургери. Разговарав со некои луѓе во Португалија за да ги пронајдам, бидејќи тој ресторан на „Мекдоналдс“ е затворен. Се надевам дека ова интервју ќе ми помогне да ги пронајдам. Би бил многу среќен бидејќи сакам да им се оддолжам и сакам да ги повикам во својот дом во Торино или Лисабон и да вечераат со мене. Сакам да ги пронајдам и да им дадам нешто за возврат бидеји никогаш нема да заборавам што направија за мене“, апелираше Роналдо пред неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот