Се јави Вашингтон: Преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ да започнат што е можно побргу

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ за членство во Унијата, по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.

-Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент.

САД укажуваат на тоа дека продолжува нивната поддршка за што е можно побрз почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

На Самитот Западен Балкан-ЕУ вчера во Брисел, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го отфрли таканаречениот „француски предлог“ во чија нацрт верзија за отварањето на преговорите, билатералните прашања меѓу две земји – Северна Македонија и Бугарија, се ставаат како услов во преговарачкиот процес за пристап на нашата земја во Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот