Се јави сопругата на Шумахер: Михаел направи се за мене

Сопругата на седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, Корина ретко се појавува во медиумите, а по несреќата од 2013 година во која Германецот доживеа страшна повреда поради која е во кома, воопшто и ја нема во јавноста.

Корина Шумахер одлучи по пауза од шест години конечно да проговори, таа зборуваше за ранчот со коњи кои се пасија на ќерката Џина. На ранчот има и коњ кој е од посебно значење за Корина бидејќи го доби како подарок од Михаел за 10. годишница од бракот.

View this post on Instagram

My little devil ? Love this mare.

A post shared by Gina Schumacher Offical (@gina_schumacher) on

– Михаел направи се за мене, не заборавив на кого треба да му се заблагодарам. Михаел постојано ми зборуваше: „Кога возиш автомобил можеш да го ставиш во гаража, но коњот мора постојано да го има твоето вниманието и љубов, дури и во недела“ – зборува Корина за љубовта кон коњите кои и помогнаа да ги преживува тешките моменти за семејството.

– Кога имав 30 години, многу сакав да имам свој коњ. Заедно со Михаел заминавме во Дубаи каде купивме еден арапски коњ. Тој има посебно значење за мене и Михаел – вели Корина Шумахер.

Таа во своја сопственост има дури 40-тина коњи на два ранча, во Швајцарија и во Тексас.

Корина веќе шест години се грижи за Михаел Шумахер кој по падот на скијање на Алпите, доживеа тешка повреда на главата и се наоѓа во кома. По неколку операции, Германецот беше ставен во индуцирана (вештачка) кома и се наоѓа во семејниот дом во близина на Женевското езеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот