Се јави МОН: Првиот училиштен ден заврши успешно, платформата „Microsoft teams” се покажа стабилна

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека првиот училиштен ден мина успешно за најголем дел од учениците во државата. Физичката настава, онаму каде што Владината комисија утврдила дека има услови, се одржува согласно протоколите пропишани од здравствените власти.

Од МОН посочуваат дека платформата „Microsoft teams” се покажа како стабилна за одржување на онлајн настава и во најголем дел учениците и наставниците денеска се приклучиле успешно или со помали тешкотии. Од утрово, како што потенцираат, успешно се реализира и емитувањето на 15 минутните часови на телевизија преку Националната радио телевизија за што однапред се објавени распоредите.

МОН укажува и дека одлуката за следење настава со физичко присуство ја носат здравствените експерти.

– Следејќи ги нивните насоки при организација на наставата, МОН имаше два приоритета – заштита на здравјето на сите учесници во образовниот процес и обезбедување на пристап до образование за секое дете. Бојкот на наставата целосно го деградира образовниот процес, а најголемата штета од ова трпат токму децата. Образовниот процес мора да продолжи – клучно за развојот на секое дете е да ја следи наставата, без разлика дали е тоа онлајн, или со физичко присуство, посочија од Министерството.

Оттаму апелираат сите да останат посветени и доследни на одговорноста која, како што велат, секој од нас ја носи во заштита на здравјето на децата, но и на јавното здравје.

– Оваа година е несомнено различна од сите останати. Меѓутоа, она што е важно е што сите ученици имаат можност да следат настава и се во континуирана комуникација со наставниот кадар. МОН, заедно со сите учесници во креирање на онлајн платформата продолжува и натаму будно да ја следи состојбата на терен. Надлежните власти продолжуваат да ја следат епидемиолошката слика во секоја општина и да носат одлуки согласно актуелната состојба, се наведува во соопштението на МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот