Се јави и Мурињо: Страста на навивачите и амбициозниот проект ме донесоа во Рома

И Жозе Мурињо предвидува финале во баражот Португалија - Италлија/Фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Жозе Муруњо по неколку часа откако се договори се Рома, се огласи во јавноста.

Португалецот ќе седне на клупата на Рома од следната сезона откако со италијанскиот тим денеска потпиша тригодишен договор. Мурињо ќе го наследи Пауло Фонсека кој одби да си поднесе оставка по убедливиот пораз од 6:2 од Манчестер јунајтед во првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европа.

– Благодарност на семејството Фридкин што ме избра мене да го водам овој одличен клуб и да бидам дел од нивната визија. По состанокот со сопственикот и Тијаго Пинто веднаш ги разбрав нивните амбиции и идеи. Заедно сакаме да изградиме победнички проект наредните години – изјави Мурињо.

Португалецот со нетрпение го очекува стартот на новата сезона во Серија А каде се враќа по 11 години кога со Интер ја освои тројната круна, триумфира во Купот на Италија, во Серија А и во Лигата на шампионите.
– Неверојатната страст на навивачите ме убеди да ја вратам во Италија и Рома и со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона. Во меѓувреме на Пауло Фонсека му посакувам се најдобро и се надевам дека медиумите ќе го почитуваат тоа што нема да зборувам многу, односно додека трае сезоната – додаде Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот