Се јави голманот на Милан: Луѓе, не сте свесни колку е лоша состојбата тука

tviter

Со речиси 25.000 заразени лица и 1809 починати лица, Италија по Кина е државата која е највеќе погодена од коронавирусот. Фудбалската Серија А е суспендирана до почетокот на април, а италијанската влада воведе вонредна состојба во државата за да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Се е запрено, улиците се празни и единствено што работи се маркетите. Одите да купите храна и веднаш се враќате дома. Ова е лудо – изјави за „Дејли Меил“, Асмир Беговиќ, голманот на Милан.

Беговиќ во Милано пристигна во зимскиот преоден рок како позајмен играч.
– Милано е голем град, а мене се ми изгледа како да сум на филм. Не сум сигурен дали луѓето разбираат колку е лоша состојбата тука. Италија е погодена од коронавирусот, не ја знам причината зашто вирусот се шири толку брзо, но верувајте дека сите се загрижени и исплашени. Има толку многу починати и заразени – вели Беговиќ.

Италија е државата каде има највеќе заразени фудбалери со коронавирус, а викендов позитивни на опасниот вирус беа дури седум фудбалери на Сампдорија.

– Ова е ноќна мора, во останатите екипи има и заразени фудбалери. Ние само можеме да се надеваме дека сево ова ќе помине. Прво игравме без публика, а потоа како се влошуваше состојбата, се се откажа. Не верувам дека ќе продолжиме во април, а мене ми е чудно да седам дома и да не тренинам – додава Беговиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот