Се јаде 30 минути пред оброк:  Еден грст од оваа намирница го намалува нивото на шеќер во крвта

Фото: Pexels

Две нови студии открија дека консумирањето грст бадеми 30 минути пред оброкот може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Едната студија го тестирала влијанието од консумирањето бадеми пред оброк во текот на три месеци, а другата – во текот на три дена.

Во првата студија, се покажало дека консумирањето 20 грама бадеми пред појадок, ручек и вечера во текот на три месеци ја променило состојбата на преддијабетесот на нормални нивоа на шеќерот во крвта кај речиси четвртина од учесниците.

„Во оваа студија, известуваме дека вклучувањето бадеми (20 грама) 30 минути пред главните оброци (појадок, ручек и вечера) доведува до значително намалување на постпрандијалната хипергликемија и нивото на инсулин. Тоа, исто така, доведува до статистички значајни намалувања на телесната тежина, индексот на телесна маса, обемот на половината и подобрување на цврстината на држењето на телото. Постои ветувачки повратен ефект врз пресвртот на нормалната регулација на гликозата, сличен на акарбозата и метформинот“, се наведува во извештајот од истражувањето.

Другата студија пронашла дополнителни докази дека бадемите можат да помогнат во борбата против преддијабетес, при што истражувачите забележале намалување на нивоата на хипергликемија за 18 отсто, што укажува на подобрена регулација на шеќерот во крвта.

„Резултатите од нашите студии покажуваат дека бадемите може да бидат клучен диференцијатор во помагањето да се регулираат нивоата на гликозата во крвта како дел од стратегијата за исхраната“, се наведува во студијата.

„Овие резултати покажуваат дека едноставното додавање мали порции бадеми пред секој оброк, може брзо и драстично да ја подобри контролата на гликемијата кај луѓето со преддијабетес за само три дена. Консумирањето 20 грама бадеми 30 минути пред оралното оптоварување со гликоза, покажало значително намалување на шеќерот во крвта. Хранливиот состав на бадемите, кои содржат влакна, мононезаситени масти, цинк и магнезиум работат заедно за да обезбедат подобра гликемиска контрола и да го намалат гладот. Нашите резултати обезбедуваат ветувачка стратегија за исхраната за намалување на прогресијата на преддијабетесот и враќање на луѓето во нормална регулација на гликозата“, објаснуваат научниците во студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот