Се извиши првата кула на „Лимак“ во центарот на Скопје

Фото: Лимак

Заврши изградбата на армирано-бетонската конструкција на првата од четирите станбени кули кои се дел од проектот „Diamond of Skopje“. Кулата има 20 ката,  во кои ќе има станови од  42 до 105 метри квадратни. Како што информираат од компанијата „Лимак“ сите елементи во градбата, а и во внатрешниот ентериер се изработуваат со висококвалитетни и еколошки материјали.

Комплексот  ќе има вкупно 4 станбени кули со 772 станбени едници, деловен простор, трговски центар со површина од 48.000 метри квадратни, 3.200 паркинг места, подземна сообраќајница, како и хотел со пет ѕвездички, кој веќе започна со работа.

Вкупната инвестиција во изградба на комплексот изнесува 250 милиони евра.

Дел од проектот е и подземната сообраќајница, чија изградба се  одвива во етапи, при што 500 метри од вкупната должина од 800 метри се целосно ископани, со поставени потпорни ѕидови и фундамент, а 350 метри се покриени и со горен дел. Подземната улица ќе се протега под комплексот „Diamond of Skopje“, ќе биде 800 метри долга и 37 метри широка, со по две сообраќајни ленти во двата правци и трамвајска линија во средина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот