Се изведува атмосферска канализација на улицата Манчу Матак во Општина Ѓорче Петров

Фото: Општина Ѓорче Петров

Покрај атмосферска канализација на улицата Манчу Матак предвидено е и реконструкција на горниот строј на улицата по цела нејзина должина, со поставување нов асфалт

Согласно Договор за изведба на под-проектот “Реконструкција на различни улици во урбаното општинско подрачје на општина Ѓорче Петров”, од Општина Ѓорче Петров информираат дека, меѓу другото предвидено е и изведба на атмосферска канализација на улицата Манчу Матак и реконструкција на горниот строј на улицата по цела нејзина должина, со поставување нов асфалт.

Во овој момент, во завршна фаза е изградбата на атмосферската канализација, чија вкупна должина изнесува L=808,30m’. Согласно позитивните препораки на ЈП „Водовод и канализација“, општината проектираше и изведе сепаратна продолжена атмосферска мрежа од улицата Манчу Матак , чија траса води под асфалтот и осовината на ул ицата Кичевска – директно до испустот во крајниот реципиент – р.Вардар – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Според градоначалникот, со изградбата на атмосферската канализација на улицата Манчу Матак ќе се постигне организирано собирање и одведување на површинските/атмосферски води по цела нејзина должина со поставување на 23 лиено-железни сливници, како и превенција од поплавување на станбените објекти лоцирани долж цела траса на улицата.

Паралелно со завршување на фазата за изведба на атмосферска канализација, изведувачот на терен започна со земјени ископи и поставување тампонски слој, по што следува фазата – поставување бетонски рабници и изведба на тротоари, чиј почеток е најавен во текот на следната недела. На овој начин, со избведна на атмосферската канализација и целосната реконструкција на улицата Манчу Матак, ќе се максимизира техничкиот век на улицата, со што долгорочно ќе се задоволат потребите на заедницата од овој урбан дел на општина Ѓорче Петров – информира Стојкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот