Се излеа река во град во Индија, крокодили пливаат по улици (ВИДЕО)

Крокодили се појавиле на поплавените улици на индискиот град Вададор, каде поради обилните врнежи во последните 24 часа настрадале 5 лица, соопштиле локалните власти.

Главната железничка станица во градот на западот од Индија, денеска е затворена поради вода, како и неколку околни улици. Околу 5.000 луѓе се евакуирани затоа што нивните куќи се наоѓаат во близина на реката Вишвамитри полна со крокодили и други рептили.

Крокодилите потоа се видени и околу поплавените улици на градот од 1,2 милиони жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот