Се гради патна инфраструктура на индустриската зона „Раброво”

Фото: МИА

Со финансиска помош од Бирото за регионален развој и со средства од сопствениот буџет, Општина Валандово ги почна градежните работи за уредување на патната инфраструктура во индустриската зона „Раброво”.

– Почнавме со изградба и асфалтирање на приклучната улица која води кон крстосницата со регионалните патишта Валандово-Струмица и Валандово-Дојран за да овозможиме безбеден влез и излез од индустриската зона за граѓаните чии што работни места се наоѓаат во неа и за оние кои индустриската зона ја користат секојдневно или повремено, рекоа од општината.

По изградбата на приклучната улица, најавено е дека ќе продолжи уредувањето на целата патна инфратсуктура во индустриската зона и дека на неа ќе биде поставена соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот