Се градат и асфалтираат улици во приградските населби во Ѓорче Петров

Откако завршија работните активности во населеното место Кисела Јабука, каде екипите на ЈП Улици и патишта деновиве целосно асфалтираа пет улици 46, 46А, 68, 4 и 6, Општина Ѓорче Петров продолжува со изградба на нови улици, а четири улици во Ново Село за првпат ќе добијат асфалт.

 Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор се одвиваат со забрзана динамика – информира градоначалникот Александар Стојкоски.

Во овие пет населени места во Општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот