Се гледа ли крајот на Брегзитот?

Европските официјални претставници денеска и утре одржуваат самит во Брисел на кој се очекува постгнување на конечен договор за излез на Велика Британија од ЕУ.

По самитот на европјаните, ќе заседава и британскиот парламент. Но, останува дилемата: Дали најавениот рок на британското напуштање на Европската унија ќе се случи на 31 октомври и дали е тоа конечниот датум?

Овој самит практично претставува и последна шанса за договор меѓу Велика Британија и Европската Унија околу Брегзитот, со што би се избегнала најтешката опција- раздружување без договор.

Не се исклучува и опцијата да се дојде до трето одложување на излегувањето на Британија од Унијата, што со сигурност ќе предизвика дополнителна неизвесност.

Особено за прашањето по кој пат ќе тргне Британија по 46-годишната заедница со обединетиот дел на Европа.

Клучно прашање секако останува статусот на ирската граница, за која Лондон и Брисел не успеаја да се договорат. Таканаречениот „Бекстоп“ претставува главен камен на сопнување меѓу Обединетото Кралство и Унијата пред се за начинот и пристапот на уредување на протокот на оваа граница.

Се работи за границата на Северна Ирска, која заедно со Обединетото кралство ја напушта и Република Ирска која останува во Европската Унија. Практично, со Брегзитот ќе се врати повтрно граничниот режим помеѓу двете Ирски .

Токму отворените граници меѓу Северна и Република Ирска доведоа до мир на Британскиот остров и го запреа повеќедецениското насилство меѓу протестантите и католиците.

Поради сериозноста и итноста за решавањето на ова прашање, а по неуспешните разговори со Брисел, британскиот премеир Џонсон се обиде преку билатерален договор со ирскиот премир Леу Вардакару да го реши проблемот околу ирската граница

Предложено беше Велика Британија заедно со Северна Ирска да формира царинска унија која во исто време би се однесувала на некаков модел на царинска зона со Европската унија, модел кој не е прифатлив за Брисел.

Но, и да успее овој договор, Борис Џонсон и натаму ќе има тешка задача да го убеди британскиот параламент кој е поделен околу прашањето на Брегзитот.

Парламентот кој три пати го отфрлија предлог договорот на поранешната премиекрка Тереза Меј со Брисел ќе заседава на посебна вонредна седница во сабота, што е прва ваква седница кога во 1982 та година парламентот заседаваше околу војната за Фокландските острови.

Седницата ќе биде клучна а на неа пратениците конечно ќе се произнесат дали го прифаќаат или го отфрлаат евентуалниот договор за напуштање на Велика Британија од ЕУ

Колку одлуката на Лондон и Брегзитот се важни за Европа покажува и коментарот на претседателот на Европската комисија во заминување, Жан -Колод Јункер, кој изјави дека ,,египетската сфинга во споредба со британскиот парламент е отворена книга “.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот