Се формира пописна комисија за општините Штип и Карбинци: Именуван претседател, во тек е оглас за инструктори и попишувачи

Фото: mia.mk

Пописната комисија за општините Штип и Карбинци ќе биде сместена во зградата на Општина Штип, а за претседател е назначена Соња Китанова. Китанова на денешната прес-конференција соопшти дека е објавен и оглас за попишувачи и инструктори на попишувачите. Пријавувањето на кандидатите ќе трае до 28 февруари.

– Во пописниот реон 16 за општините Штип и Карбинци ќе бидат ангажирани 129 реонски попишувачи, од кои 112 Македонци, шест Турци, по пет Роми и Власи и еден Србин. Има вкупно 13 инструктори, а за реонските инструктори нема националност. Сите што се заинтересирани да учествуваат во пописот, да се пријават на конкурсот треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено најмалку средно образование и да немаат засновано работен однос, вели Китанова.

Конкурсот е објавен во дневните весници, но и на веб-страниците на Државниот завод за статистика (ДЗС), а и општините го имаат реобјавено на своите веб-страници. Китанова најави дека по завршување на конкурсот, ќе следува тестирање на кнадиодатите, а изборот го прави ДЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот