Сè е во знакот на „Ел Класико“: По 245 пат Барса против Реал!

twitter.com/MARCAinENGLISH

Продолжуваат натпреварите од шпанската „Ла Лига“, а денеска од 16.00 часот ќе се игра најинтересниот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, а поради пандемијата на коронавирус на овој меч на „Камп Ноу“ нема да присуствуваат навивачите кои секако ја комплетираат сликата на едно вистинско „Ел Класико“.

Но, овие две екипи секогаш носат возбудувања на терените и нивните дуели, ова лето Барса доби нов тренер, Роналд Куман, кој има задача да го врати клубот на тронот во Шпанија, а воедно го однесе до завршницата во Лигата на шампионите каде што минатата сезона доживеа срамна елиминација од Баерн Минхен (8:2) во четвртфиналето.

Иако се шпекулираше дека ова лето Лионел Меси ќе ја напушти екипата, на крајот одлучи да остане и брка нов трофеј во ЛШ, иако тоа ќе им биде тешко на Каталонците, иако одлично го започнаа натпреварувањето со победа од 5:1 над унгарскиот Ференцварош.

А во првенството моментно е дури на 10 позиција (седум бода) со напомена дека Барса има четири одиграни мечеви, во однос на водечките Реал Сосиедад и Виљареал кои имаат по 11.

Реал добро започна во шампионатот, „кралевите“ се третопласирани со 10 бода од пет натпревари. Но, мадридскиот гигант загуби на последните два меча, изненадувачки од Кадиз, а потоа и во ЛШ од Шахтјор Доњецк.

Во пресрет на денешната средба, Барселона уште од 2017 година не е поразена на свој терен од Реал Мадрид. Но, впечаток е дека ниту едните ниту другите не блескаат до сега оваа сезона, а нов евентуален пораз на Реал, повторно ќе се шпекулира за заминување на Зидан од тренерската клупа.

Каталонскиот „Спорт“ веќе ги објави веројатните стартни состави на двете екипи:

Веројатен состав на Барселона: Нето, Дест, Пике, Лангле, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Кутињо, Гризман, Ансу Фати, Меси.

Веројатен состав на Реал Мадрид: Куртоа, Начо, Варан, Серхио Рамос, Менди, Касемиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Винисиус јуниор, Бензема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот