Сè е поинаку со Пандев, Џенова со пресврт до триумф! (ВИДЕО)

twitter/pianetagenoa

Денеска во 1/16 финалето од Купот на Италија екипата на Џенова славеше како домаќин над Асколи со конечен резултат 3:2.

На стадионот „Луиџи Ферарис“ после првото полувреме водеше Џенова со голот на Пинамонти во 14. минута од средбата. Потоа, на стартот од вториот дел израмнија гостите преку Берета, а во 68. минута се погрижија и за пресврт благодарение на автоголот на Кришито.

Во 71. минута во игра влезе македонскиот репрезентативец Горан Пандев по што Џенова успеа да го сврти резултатот во своја корист за триумф.

Само 60 секунди подоцна од влегувањето на нашиот интернационалец Кришито се поправи и стрелаше за израмнување, а во 79. минута конечниот епилог го постави Пинамонти со својот втор погодок на мечот.

На тој начин играчите на тренерот Мота се пласираа во осминафиналето каде што ќе ги одмерат силите со составот на Торино.

Веднаш после натпреварот италијанските медиуми им дадоа оценки на играчите на Џенова, а Пандев кој со своите дриблинзи им правеше проблеми на одбранбените фудбалери на Асколи, беше помеѓу повисоко оценетите, со „6“. Највисоки оценки со „6,5“ добија Пајач, Пинамонти и Кришито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот