Се е подготвено за „Макфест“: На сцената во Штип ќе ги видиме „Фрајле“, Росана, дуото Дац и Александар Митевски

Фото: Васко Спасоски

Денеска во нашиот главен град беше одржана прес-конференција по повод 34 издание на реномираниот фестивал „Макфест 2019“ година.

На средбата со новинарите беа соопштени учесниците, а исто така се изврши и ждребката за редоследот на изведувачите на првата и втора фестивалска вечер.

Фото: Васко Спасоски

Директорот Владимир Дојчиновски – Дојчин вети дека и оваа година ќе се потрудат да помине се во најдобар ред и се разбира, да се изберат најдобрите песни.

Фото: Васко Спасоски

– Се е подготвено, избрани се песните и учесниците на фестивалот. Сигурен сум дека и оваа година ќе имате прилика да слушате добри композиции, одлични интерпретации и модерни сценски настапи.

Инаку на сцената во Штип ќе ги видиме одличните девојки од групата „Фрајле“ и тоа со песна на македонски јазик, потоа тука е Принц, Александар Митевски во комбинација со актерот Дац, а по многу години пауза, на „Макфест“ се враќа и Росана Сариќ Тодоровска…

Фестивалот ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип. Организатор на фестивалот е општината Штип со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, а како и сите претходни години, за преносот ќе биде задолжена МРТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот