Сè е можно: Како да ја поправите љубовната врска за 10 минути?
На почетокот на врската, сите сонуваме дека љубовта ќе трае вечно. За жал, повеќето парови порано или подоцна наидуваат на непремостливи пречки и нивната врска запаѓа во криза. Добрата врска бара, меѓу другото, труд, подготвеност за компромиси – и многу трпение, а токму тоа се квалитетите кои често ни недостасуваат во напорното секојдневие.
За среќа, постои начин на кој можеме да ја поправиме нашата врска кога ќе забележиме дека работите тргнале надолу.
Што е најдобро, понекогаш не ни требаат часови и часови разговор за тоа (иако долгите разговори понекогаш се одлична работа за поврзување). Таканаречениот метод T.E.A.M. е создаден со цел да ја зацврстите врската со партнерот во неверојатно краток период од само десет минути дневно, пренесува „Џоли“.
Методот е создаден од познатиот автор и успешен инвеститор Коди Санчез и функционира на овој начин:
Овој метод се заснова на тоа што партнерите одвојуваат време, само десет минути, по можност на крајот од секој ден, во кое тие целосно и свесно ќе се фокусираат само еден на друг. Тоа е формула која влијае на двата најважни аспекти на секоја љубовна врска: комуникацијата и блискоста. Сè попопуларната формула T.E.A.M. има четири клучни „состојки“ и симболично име бидејќи ве потсетува дека вие и вашиот партнер, пред сè, сте тим.
- T значи допир. Времето посветено на партнерот треба да се започне со физички контакт како галење или гушкање и да продолжи со одржување контакт со очите за време на разговорот. Поентата е навистина да ја почувствуваме блискоста на нашиот партнер.
- Е се однесува на едукација. Важен дел од зближувањето е можноста постојано да учиме еден од друг. Затоа во времето посветено на нашиот партнер треба да споменеме една нова работа што сме ја научиле тој ден. Најдобро е ако се работи за нешто возбудливо и интересно, како што е некој непознат факт или нешто лично, на пример – ново сознание за себе.
- А се однесува на благодарност. Покажете си колку се цените еден со друг и нагласете дека сте благодарни за врската што ја имате и ја негувате. Истакнете нешто што особено го цените кај него, но обидете се да не го повторувате истото секој ден.
- М е кратенка за метрика – за крај, оставете го она што ви пречело во текот на денот. На тој начин ќе ја намалите можноста да ескалира расправија во одреден момент во текот на следниот ден и некој од вас да ја изгуби контролата. Ќе разговарате за можните проблеми додека сте мирни, а потоа и двајцата ќе имате време за саморефлексија и анализа на она што сте го слушнале.
Велат дека методот T.E.A.M. е докажана формула за успешен брак или врска и дека позитивните промени почнуваат да се случуваат многу брзо откако оваа практика ќе стане дел од нашето секојдневие.