Се е јасно околу Златната топка, Роналдо ќе „збесне“

twitter.com/FCBarcelona

Денеска во Париз ќе биде доделена Златната топка, прв фаворит според обложувалниците е Вирџил Ван Дајк, но на Твитер веќе има фотографија која покажува дека бекот на Ливерпул не е победник во гласањето.

Според фотографијата, Лионел Меси е добитникот на Златната топка која би била шеста во неговата кариера,што би значело дека ќе го помине Кристијано Роналдо.


Од друга страна, Роналдо не е меѓу првите тројца најдобри фудбалери според „Франс фудбал“, тој се наоѓа на четвртото место и речиси сигурно нема да биде присутен на вечерашната свеченост.

Второто место му припадна на Ван Дајк, додека неговиот колега од Ливерпул, Мохамед Салах е трет. Европскиот шампион има уште двајца фудбалери меѓу најдобрите 10 за оваа година, тоа се Садио Мане и голманот Алисон Бекер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот