Се дрогирав со татко ми, но тој не се извлече од пеколот… – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Се дрогирав со татко ми, но тој не се извлече од пеколот…

Славната Џејми Ли Кертис во интервју откри шокантни детали од својот приватен живот...

Актерката Џејми Ли Кертис (60) беше зависничка од алкохол, таблети и кокаин, но веќе 20 години е потполно „чиста“.

Во интервју таа открила дека во периодот кога користела наркотици дека се дрогирала заедно со нејзиниот татко, славниот актер Тони Кертис, кој исто така бил зависник.

– Тато имаше ист проблем и тоа го знаев, дури делевме иста дрога. Се сеќавам во периодот кога бев единственото дете кое разговараше со него, а имав шест браќа и сестра. Сега имам само пет бидејќи мојот брат Николас се предозира на 21 години со хероин – раскажа за магазинот „Variety“, а пренесува „People“.

Фото: Јутјуб

Актерката се дрогирала долг период со својот татко со кокаин, а за разлика од ќерката, тој не успеа да се извлече од пеколот.

– На крајот беше „чист“ само кратко и беше на одвикнување од прилика три години. Меѓутоа, тоа не траеше долго – изјавила Џејми, чиј татко почина во 2010 година во 86 година од својот живот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close