Се дезинфицираат автобусите како превентива од коронавирусот

Фотографии од процесот на дезинфекција во возилата на ЈСП сподели и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

Редовното одржување на хигиена, е еден од најефективните методи во борбата против коронавирусот. Министертвото за здравство и епидемиолозите постојано апелираат што повеќе да се избегнуват јавни собири на кои има значителен број на луѓе истовремено. Но, и покрај откажувањата на јавните собири, опасноста е присутна и тоа најмногу за граѓаните кои го користат јавниот превоз.
Од ЈСП Скопје најавија засилени мерки за одржување на хигиена во автобусите.
„Покрај вообичаеното одржување на хигиена, во насока на заштита на здравјето на корисниците на јавниот превоз, пред се поради опасноста од ширење на коронавирусот во земјава, автобусите на ЈСП Скопје секојдневно, пред и по пуштањето во системот на превоз, се предмет на целосна дезинфекција“, велат од ЈСП.
Фотографии од процесот на дезинфекција во возилата на ЈСП сподели и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.
„Апелираме на смиреност и почитување на препораките на надлежните државни институции, како и на одговорно однесување кон колективното здравје, на секој од нас поединечно“, напиша Шилегов по утринската дезинфекција на автобусите пред нивно ставање во функција во денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот