СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО СПАЈДЕРМЕН: Уапсен татко на петгодишно дете, кое донело кокаин во училиште

Петгодишно момче од Масачусетс донело ќесичка кокаин во училиштето Лоренс минатата недела, поради што рекло дека се чувствувало како Спајдермен, пренесува „LADbible“.

Учителката потоа го известила директорот, а тој повикал полиција. Поручникот Џим Алберт изјавил дека момчето ѝ ја покажало кесичката на учителката и рекло дека поради неа се чувствува како Спајдермен.

Детето било однесено во болница, но полицијата верува дека тој никогаш не консумирал забранета супстанција.

Полицијата потоа отишла во домот на момчето каде што го нашле неговиот татко, Бен Гарсија. Тој наводно имал 40 кесички кокаин и 70 кесички хероин на имотот.

Поручникот Алберт објаснува дека потерница за апсење на Гарсија била издадена порано поради обвиненија за наркотични средства, а заради инцидентот во училиштето, списокот на обвиненија ќе се зголеми.

Во домот имало и бебе, кое заедно со момчето било преземено од социјалните служби. Гарсија ќе остане во притвор до сослушувањето следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот