Се чистат депонии на повеќе локации низ Аеродром

Со зголемен интензитет се чистат депониите на повеќе локации низ Општина Аеродром. Моментално екипите работат на расчистување на мини депонијата во близина на булевар „Февруарски поход”.

Од Општината информираат дека во наредниот период вакви акции ќе бидат преземени околу паркот „Бановина”, покрај Усјански канал, во близина на Воениот базен и во Мичурин околу Железничката станица.

– Со тоа ја продолжуваме кампањата „Аеродром нека блеска! Чиста околина за секого!” Со реорганизирана комунална служба, со дополнителна механизација и со зголемен број сезонски работници обезбедуваме почисти јавни површини на целата територија на Општината – соопшти општинската прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот