Се чекаше како жеден вода: Дождот добредојден за земјоделските култури и за акумулирање на водата по сушниот период

Турските инвестиции во земјава надминаа една милијарда евра, но има потенцијал за натамошни вложувања особено во обновливи извори на енергија/ Фото: МИА

Дождот во пелагонискиот регион не претставува никаква опасност за посевите, напротив, добредојден е, а чисти се и каналите, па нема никакви проблеми, вели раководителот на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделското производство во Прилеп, Горан Томески.

– Дождовите во Пелагониско-прилепскиот регион во моментот не претставуваат никаква опасност зашто есенва имавме долг сушен период. Сега не предизвикува никакви штети. Каналите во Прилепско се чисти, реките може да го приберат вишокот вода, полека се полни вештачкото езеро. Очекуваме во наредниот период да имаме и врнежи од снег, што ќе биде добра изолација од студот за есенските култури, особено за житарките кои ќе го добијат тој „изолатор” од ниските температури.  Во овој момент сметаме дека водата е добредојдена. Се надеваме дека дождовите нема да продолжат цел месец за да се појават проблеми, изјави Томески.

Од водостопанското претпријатие „Прилепско поле” уверуваат дека каналската мрежа во Прилепско е чиста и може да ја прибере водата. Дождовите се посебно потребни за полнење на Прилепското вештачко езеро.

Според директорот на „Прилепско поле”, Ѕвонко Талески, се следи ситуацијата и битно е што почна да се полни Прилепското вештачко езеро, потребно за околу 2.000 водокорисници, најмногу тутунари.

– За една недела водостојот на езерото се зголеми за еден метар, езерото доби дополнителни 250.000 метри кубни и сега се акумулирани вкупно 1,7 милиона метри кубни вода. Инаку целиот капацитет е преку шест милиона метри кубни вода, неопходна за над 2.000 водокорисници, најмногу тутунари. Каналската мрежа во регионот е чиста, нема никакви проблеми сега од теренот. Водата ни беше неопходна, вели Талески.

Од прилепското јавно претпријатие „Комуналец” велат дека се одржува урбаната каналска мрежа, посебно Дабничкиот канал, но апелираат граѓаните да не фрлаат смет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот