Се чекаат резултатите од брисевите и мострите од кумановската градинка „Ангел Шајче”, уште 13 деца побарале помош

Дезинфекција на образовните објекти / Септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

 Уште 13 деца од градинката „Ангел Шајче” побарале помош и се пожалиле на симптоми слични на труење на храна на детското одделение во кумановската болница, а уште две деца се примени на лекување, соопштија денеска надлежните од болницата. Надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје и од градинката ги очекуваат резултатите од земените брисеви и мостри.

– Генерално здравствената состојба на децата се подобрува. Немаме деца што се во тешка состојба, освен пет што беа малку повеќе дехидрирани во разлика со другите деца, што се на домашно лекување тие се на болничко лекување, но се подобри, вели началникот на детското одделение, Агрон Сулејмани.

Лекарите од детското одделение од општа болница велат дека има и деца кои не одат во градинка и кои се јавуваат со слични симптоми.

Вчера, по извршениот вонреден надзор на надлежните институции беше затворена кујната на градинката „Ангел Шајче” каде се подготвуваше храна за три објекти „Пчелка”, „Синоличка” и „Кокиче”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот