Се чека одлука на Комисијата за заразни болести за нови рестриктивни мерки

Граѓани со заштитни маски во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да прејудицира дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки по зголемувањето на бројот на новодијагностицирани од Ковид-19. Во изјава за медиумите истакна дека ќе ги следат препораките на Комисијата за заразни болести.

– За евентуално други рестриктивни мерки ќе ја чекаме Комисијата за заразни болести. Веројатно тие ќе работат денеска и во текот на викендот, а во понеделеник во 9 часот стандардно има состанок  Главниот координативен штаб на Владата каде присуствува и министерот за здравство. Ние ќе ги следиме нивните препораки, изјави Заев по посетата на новата реконструирана градинка „Мајски цвет” во општина Карпош.

Имаме еден нов пик, рече Заев, но да видиме што ќе кажат бројките овие денови и конечно кој ќе биде предлогот на Комисијата за заразни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот