Се чека на согласност од Грција за ставање во функција на железничката линија кај Меџитлија

Работните групи на Министерството за транспорт и врски се подготвени на техничко ниво да разговараат за почнување, односно ставање во функција на железничката линија Битола-Меџитлија. Ние сме целосно подготвени и очекувам интерес да покаже и Република Грција, изјави министерот Благој Бочварски.
Проектот железничка пруга, Бочварски вели дека е завршен, има употребна дозвола и е во функција.
Според министерот Бочварски, во наредниот период работни групи на техничко ниво од Северна Македонија и Грција треба да ги договорат деталите за целосно ставање во функција на железничката линија.
На 1 февруари годинава стартуваше железничкиот превоз на патници од Битола до селата Кравари и Жабени каде што во моментов завршува, а железничката линија е трасирана за возовите да патуваат до Лерин и Солун.