Се чека изборот на новиот Патријарх на СПЦ

Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Монахот Матеј од манастирот Сисојевац денес во криптата на храмот „Свети Сава” треба со ждрепка да го извлече името на новиот патријарх на Српската православна црква, еден од тројцата владици-кандидати, кои со тајно гласање ќе добијат мнозинство гласови од самите епархиски и викарни владици, пишува „Блиц. 

Извор на „Блиц“ од СПЦ тврди дека најголеми шанси има владиката Иринеј  Бачки, бањалучкиот епископот Јефрем и митрополитот на загребско-љубљанската Профирија. Нашиот соговорник предупредува дека се можни изненадувања, бидејќи гласањето е тајно

„Покрај нив шанси да се најдат меѓу тројцата кандидати има и Јоаникиј, епископ будимљанско-никшички и администратор на црногорско-приморската митрополија. Но, треба да се почека. Архиереите сигурно ќе го изберат нјдобриот меѓу нив“, вели соговорникот на Блиц.

 

извор: Блиц

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот