Се чека дури 14 дена за испорака: Календар со нацисти предизвика бес ширум светот!

Фото: Твитер

Побарувачката за календарот е толку голема што оние кои го нарачале треба да чекаат 14 дена за испорака, објави денеска во Прага онлајн продавницата на издавачот ,, Naše vojsko”.

Продажбата на ѕиден календар со фотографии од нацистички офицери предизвика бес во Чешка.

Побарувачката за календарот е толку голема што оние кои го нарачале треба да чекаат 14 дена за испорака, објави денеска во Прага онлајн продавницата на издавачот ,, Naše vojsko”.

Во календарот се прикажани фотографии од озлогласените команданти на СС, Рајнхард Хејдрих и Карл Херман Франк и Јозеф Менгеле, монструозен доктор од концентрациониот логор Аушвиц, познат по грозни експерименти врз затворениците, a на чело со Хитлер.

Федерацијата на еврејските заедници во Чешка има намера да поднесе тужба против издавачот за пропагирање на национал социјализмот и славење на воени злосторници, судска постапка што носи поголема тежина од сите аргументи за слободата на изразување.

Кристоф Исранг, германскиот амбасадор во Чешка, изрази одвратност преку Твитер. „Производите што ги величаат најлошите воени злосторници во историјата на човекот се неподносливи. Не можам да разберам некој што прави, продава или купува вакво ѓубре. Драго ми е што во Чешката Република, која толку многу страдаше од нацистите, започна дебата за тоа дали сакате тоа да продолжи и да се толерира “, напиша амбасадорот.

Министерството за внатрешни работи во Прага реагираше со откажување на закупот на просторот за складирање на тој издавач, поранешната државна издавачка куќа.

Градскиот совет во Прага веќе го откажа закупот на продажната точка во април, наведувајќи етички причини.

Издавачот Naše vojsko предизвикувал бес и во минатото со продажба на чаши со ликот на Хитлер. Полицијата не гледа никакви причини за тужба и го отфрлила случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот