Се будите уморни? Направете ги овие промени во спалната соба за квалитетен сон кој ќе ви донесе ден исполнет со енергија

Unsplash
Unsplash

Дури и ако спалната соба навистина ви служи само за спиење, сепак поминувате околу една третина од денот во неа. Само неколку интервенции можат да го направат вашето време поудобно и поквалитетно.

Unsplash
Unsplash

Многумина се посветуваат на украсувањето спалните соби за да изгледаат убаво и пријатно додека се будни, што обично вклучува светли бои, атрактивни слики, украси и многу светлина… Сепак, најважната активност што се одвива во вашата спална соба е спиењето. Колку време поминувате во спиење е особено важно, но исто така е важен и квалитетот на вашиот сон. Ако потрошите четири од осум часа во кревет свртувајќи се и барајќи ја вистинската позиција, веројатно нема да се чувствувате многу одморени и полни со енергија веќе следниот ден.

Правењето неколку промени може да ви помогне да создадете подобра атмосфера за спиење. Според експертите за спиење од Универзитетот Џон Хопкинс, првото нешто што може да помогне е соодветната температура.

Поладна соба и кревет можат да го намалат потењето во текот на ноќта и да го подобрат спиењето, пренесува „Healthline“. Препорачаната температура е околу 18-19 степени.

Unsplash
Unsplash

Светлината треба да се сведе на минимум. Исклучете ги уредите, поставете темни завеси или користете многу слаби светла во текот на ноќта.

Просторијата треба да биде секогаш средена. Можеби нема да го гледате хаосот во спалната соба додека спиете, но истиот може да влијае и на вашиот одмор. За подобар сон, обидете се да ги средувате просторијата и креветот секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот