Се будите одморени или уморни? Различните видови аларм можат да влијаат на будењето

Музиката на аларм може да влијае на тоа колку лесно се будите. Поострите тонови може да влијаат да се чувствувате поуморно кога ќе се разбудите, сметаат австралиските истражувачи.
Од друга страна, според нивните истражувања, мелодијата на алармот што ќе ја одберете, може да ви помогне да се разбудите одморени.

Ова истражување би можело да биде потенцијал да им помогне на луѓето во многу професии, како што се итни служби. Тоа исто така би можело да им помогне на просечните личности, кои мораат брзо да се разбудат и да бидат внимателни веднаш после будењето, да речеме како што е тоа случај со ноќните чувари.

Некои луѓе едноставно не можат да се разбудат кога ќе го слушнат алармот. Според оваа група австралиски истражувачи, утринските мачнини исто така можат да бидат поврзани со видот на аларми што ги користите.

Според студијата, која е објавена во списанието „PLoS One“, вклучени се 50 луѓе. Секоја личност добила прашалник кој анонимно можел да го потполни во својот дом.

Испитаниците добиле прашања во врска со звукот кој би сакале да ги разбуди, како се чувствувале поради тој звук и колку се чувствувале одморено после будењето.

Водечкиот автор Стјуарт Мекфарлејн, докторски истражувач на Универзитетот РМИТ, рекол дека неговиот тим открил дека звуците на алармите за кои се смета дека се мелодични, поврзани се со луѓето кои се чувствувале поодморено после будењето.

Мекфарлејн смета дека е можно растот и падот на нотите од алармот да помогнат на насочувањето на вниманието на нашиот мозок. Додека, од друга страна, монотониот аларм како што е на пример, „бип-бип“, може да предизвика анксиозност и збунетост после будењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот