Се бришеа графити со говор на омраза

Денеска по повод Светскиот ден на чистењето, со градоначникот Петре Шилегов и директорот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ Абдусамед Шабани ја најавивме акцијата за собирање кабаст отпад која ќе се одвива од 21 до 24 септември, вели градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.

– Во акцијата ќе бидат отстранети и сите графити со навредлива содржина кои промовираат говор на омраза – напиша Богдановиќ.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов пак истакна дека во рамките на есенската акција за чистење на градот, посебни тимови ќе ги бришат и пораките на ѕидовите на зградите и објектите низ градот низ кои се искажува говор на омраза.

– Тоа не значи дека градот е против урбаната уметност на графитите, туку против говорот на омраза. Урбаната уметност и графитите се симбол на секој град и Град Скопје го стимулира тоа, меѓутоа содржини со говор на омраза се неприфатливи – рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот