Се бори за живот: Ѕвездата од познатата серија е на респиратор! (ФОТО)

Фото: www.fortmcmurraytoday.com

Ѕвездата од серијата „Два ипол мажи“, актерката Кончата Ферел, позната по улогата на Берта, прертпела тежок срцев удар, после кој завршила на респиратор и се бори за живот.

Американскиот портал ТМЗ пренесува дека Кончата во болница завшрила во мај поради проблеми поврзани со инфекција со која се борела минатата година. Само неколку дена подоцна, таа доживела срцев удар.

Фото: Принтскрин

Четири недели го поминала на одделението за интезивна нега, по што била префрлена на одделението за долготрајно лекување. Таму моментално е приклучена на респиратор и се наоѓа во полусвесна состојба. Исто така не може ниту да комуницира – изјавил нејзиниот сопруг за американскиот таблоид.

Сопругот не може да ја посети поради ситуацијата со коронавирусот и вели дека информации дознава од медицинските сестри со кои е во постојан контакт.

Нејзиното закрепнување моментално е неизвесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот