Се бореше со ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА, а сега пејачката го доби третото дете

Фото: Profimedia

Аланис Морисет порано годинава објави дека е бремена по третпат и тоа откако во 2017 се избори со тешката постпородилна депресија.

Во тоа време, преку Инстграм, објави дека има многу новости кај неа, алудирајќи и на бременоста и на новиот албум.

Аланис мислела дека по второто дете никогаш веќе нема да забремени повторно. На својот третороден син му го дала името Винтер Мерси.

Таа отворено зборуваше за постпородилната депресија, порачувајќи дека во ова време, жените не смеат да се срамат да прозборат за тоа што ги мачи, особено затоа што многу општества раѓањето дете го гледаат како врвен успех и не сфаќаат како една мајка може да биде тажна и болна поради тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот