Се ближи крајот на борбата, Миха подготвен за римската „волчица“!

твитер

Според италијанските медиуми, српскиот стручњак сериозно ќе се потруди да го води неговиот клуб против Рома на „Олимпико“.

Синиша Михајловиќ денеска ја напушти болницата откако доби антивирусна терапија.

Како што стои во соопштението во Болоња, резултатите на Михајловиќ се одлични и тој се чувствува одлично, така што големата борба против леукемијата полека завршува.

Според италијанските медиуми, српскиот стручњак сериозно ќе се потруди да го води неговиот клуб против Рома.

Вечерва од 20.45 часот во рамките од 23. коло на „Олимпико“ во Рим екипата на Болоња гостува кај „волчицата“.

Рома е на петтата позиција со 39 бодови, додека Болоња која има две победи по ред е на 11. место со 30 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот