Се блеска од луксуз, а во очи „паѓаат“ перниците „Версаче“: Погледнете како изгледа домот на пејачката Аделина (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусиот не натера времето да го поминуваме во нашите домови. За некого тоа е казна, но некој ужива во тоа, особено ако има дом како пејачката Аделина Тахири.

Овој пат, Тахири на социјалните мрежи сподели фотографија од својот луксузно уреден дом каде во внатрешноста преовладува белата и златна боја.

Аделина на Инстаграм на своите следебеници им покажа како изгледа нејзината дневна соба каде што преовладува белата боја со златни декорации, а на ѕидовите има скапи уметнички фотографии.

Фото: Инстаграм

Инаку познатата пејачка во 2017 се омажи со адвокатот Серјожа Марков, а пред две години станаа родители на малечкиот Јон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот