Се бараат решенија за натрупаните проблеми во затворите

Министерот за правда Игор Филков и директорот на УИС Александар Пандов со директорите на затворите/Фото: МИА

Проблемите со просторните услови, недостатокот на вработени, финансиските средства, возилата за спровод на обвинети лица и потребата од дигитализација на институциите биле во фокусот на денешната работна средба на министерот за правда, Игор Филков, со директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и директорите на затворите во земјава.

Како што информираат од Министерството за правда, на средбата бил разгледан и Извештајот на Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа за 2023 година, со цел да се земат предвид нивните забелешки за надминување на недостатоците кои се констатирани.

– На средбата беше договорено да се интензивираат ваквите состаноци со цел да се изнајдат решенија за брзо надминување на одредени проблеми, користејќи меѓународна помош, но и јакнење на буџетот на УИС заради непречено функционирање на затворските институции како и користење на пробацијата и другите алатки за условен отпуст на затворениците, соопштуваат од Министерството за правда.

Министерот за правда Игор Филков и директорот на УИС Александар Пандов/Фото: МИА

Дополнуваат дека министерот за правда, Игор Филков, ја искажал заложбата и посветеноста на Владата за надминување на сите проблеми и подигнување на капацитетите на затворските институции со цел подобрување на условите водејќи грижа за правата на затворениците и нивна ресоцијализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот