ФОТО: Се бараат „кумови“ за лавчињата во ЗОО, од денеска можат да ги видат и граѓаните

Лавчињата во Скопје Зоо / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Лавчињата во Скопје Зоо / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Трите лавчиња кои пред три месеци се родија во скопската Зоолошка градина, откако малку потпораснаа од денеска ќе бидат пуштени и во надворешното живеалиште. Сега треба да добијат и име, а кумови ќе бидат граѓаните. Од скопската ЗОО ги повикаа да даваат предлози за тоа како ќе се наречат трите малечки лавици.

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите женски лавчиња. Граѓаните предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина – информираа оттаму.

Предлозите, освен во кутиите на влезот можат да се даваат и на фејсбук под објавата во која се повикуваат граѓаните да предложат имиња. Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени.

Пунктот на кој може да го предложите вашиот предлог за имиња на лавчињата / Фото: Зоолошка градина Скопје

На радост на скопјани, по повеќе од 20 години, во март годинава во Зоолошка градина се родија три лавчиња, кои одлично напредуваат. Вработените, како што велат, се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови.

Лавчињата ги примија сите вакцини, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните. Од денеска ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу – велат од ЗОО Скопје.

Погледнете ги фотките од моментот кога се родија лавчињата во Скопје Зоо:

Лавчињата во Скопје Зоо / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Лавчињата во Скопје Зоо / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Лавчињата во Скопје Зоо / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Лавчињата во Скопје Зоо / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Лавчињата во Скопје Зоо / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Лавчињата во Скопје Зоо / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Лавчињата во Скопје Зоо / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ВИДЕО | Стаменов: „Бејби бум“ во Зоолошката градина во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот